Улогата на граѓанските организации се клучни во донесување на одлуки за формирање на Фонд за животна средина

Изнаоѓање на потребните механизми за формирање на Национален Фонд за животна средина е приоритет на проектот Зајакнување на улогата на граѓанските организации во донесување на одлуки преку застапување за воспоставување на Фонд за животна средина, кој е предвиден да се реализира до април 2022 година од страна на Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје.

„Конкретна цел на проектот е информирање и застапување пред надлежните институции за воспоставување на Фонд за животна средина во Република Северна Македонија, како и информирање на јавноста за потребите од Фонд за животна средина и можностите за негово воспоставување во Република Северна Македонија“ се вели во соопштението на Еко-свест.

Тие велат дека ќе се спроведе анализа на можностите за воспоставување на Фонд за животна средина и консултација на наодите со Координативното тело на граѓанските органаизации за соработка со институциите, публикување на анализата спроведена во проектна активност 1, јавна кампања за потребите од Фонд за животна средина и активности за застапување кај надлежните институции.

Проектот е со вкупен буџет од 28.515 долари, од кои 22.080 долари се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението на граѓани Центар за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, Скопје. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) и здружението “Центар за истражување и информирање за животна средина”.

Пронајдете не на следниве мрежи: