Ештон може да добие 400.000 фунти од апанажа

Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) Кетрин Ештон по истекот на мандатот во 2014 година има право уште три години од ЕУ да прима годишно по 133.500 фунти, а притоа ништо да не работи.Таа во период од три години, доколку не најде друга работа, од ЕУ во име на апанажа може да добие вкупно 400.000 фунти (471.143 евра).Ештон во моментот е втора најдобро платена политичарка, чија бруто годишна плата со додатоци изнесува 287.543 фунти, а кога ќе ја напушти функцијата има право да добива 55 отсто од платата во преоден период од три години, пишува лондонски Independent.Таа сума е утврдена, меѓу останатото, со цел да се спречи високата претставничка последните месеци од мандатот да ги помине во барање на нова работа.Кога ќе се пензионира, баронесата Ештон ќе има право на пензија од ЕУ, која ќе изнесува 61.000 фунти годишно, што е за три пати повеќе од просечната пензија во Велика Британија.На сите овие примања предвидени се и рази даночни олеснувањаЕвропската унија високите плати на своите функционери ги образложува со потребата да им обезбеди независност.
МакфаксВисоката претставничка на Европската унија (ЕУ) Кетрин Ештон по истекот на мандатот во 2014 година има право уште три

Пронајдете не на следниве мрежи: