Претставниците на шесте големи сили и Иран во саботата во казахстанаската престолнина Алмати ги продолжија преговорите започнати во петокот, со мали шанси за постигнување договор за долгогодишниот спор кој се заканува да прерасне во криза слична на корејската.Преговарачите првиот ден од разговорите во петокот во Алмати не успеаја да ги надминат меѓусебните разлики, исто како и во претходниот круг од преговорите, исто така одржан во главниот град на Казахстан во февруари годинава.Земјите од таканаречената група „пет плус седен“, односно петте постојани членки на Советот за безбедноста при Обединетите нации, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија ги започнаа дводневните преговори во петокот наутро.На претходниот состанок, групата „пет плус еден“ ја изнесе понудата којашто предвидува „суспендирање“ а не како досега „прекинување“ на активностите на збогатување на ураниумот во нуклеарните постројки во Иран. За возврат предложија ублажување на некои од санкции коишто се однесуваат на тргувањето со злато и во петрохемискиот сектор.Шефот на иранската преговарачка делегација, Саид Џалили во петокот порача дека Иран не е подготвен на отстапки во поглед на неговото суверено право да го збогатува ураниумот за што тврди дека му е потребен во цивилни цели за производство на електрична енергија, додека западот стравува дека со тоа се приближува до можноста за скоро време да добие нуклеарно оружје.
МакфаксПретставниците на шесте големи сили и Иран во саботата во казахстанаската престолнина Алмати ги продолжија преговорите