Рекордно запленување на имот на италијанската мафија

Италијанската полиција соопшти во средата дека судот ја потврдил рекордната заплена на претходно одземената сопственост во износ од 1,3 милијарди евра којашто му припаѓала на претприемач кој се занимавал со обновлива енергија, а всушност бил поврзан со сицилијанската мафија.На 57-годишниот Вито Никастри познат под прекарот Господарот на ветровите му се одземени вкупно 43 компании, 98 недвижнини во кои спаѓаат вили, парцели и згради, како и седум скапи автомобили, 66 тековни сметки и друг финансиски имот „во вкупна вредност поголема од 1,3 милијарди евра“, се наведува во соопштението на италијанската полиција што го цитира AFP.Овој имот, кој бил распределен низ разно делови на Италија, беше одземена во септември 2010 а судот на Сицилија деновиве ја донел и конечната одлука за запленување на имотот.Вито Никастри е деловен човек кој се пробил во сферата на обновливата енергија, особено во доменот на добивање сончева енергија и од ветер, којашто се смета за нов сектор за перење на мафијашките пари, соопштија италијанските истражители за борба против мафија.Се смета дека Никастри е поврзан со Матео Месина Денаро, сегашниот прв човек на сицилијанската мафија Коза ностра.Никастри следните три години ќе ги мине во домашен притвор во неговата родна општина Алкама на Сицилија, се додава во соопштението.
МакфаксИталијанската полиција соопшти во средата дека судот ја потврдил рекордната заплена на претходно одземената сопс

Пронајдете не на следниве мрежи: