четврток, 12 ноември 2026
Најново

ДОБРА ВЕСТ: Истечените пасоши по 31 јули ќе важат до крајот на годинава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

МВР денеска извести дека согласно измените на Законот за патни исправи на државјаните на Република Северна Македонија, важноста на пасошот, дипломатскиот и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули годинава, се продолжува до 31 декември, 2021 година, односно до крајот на годинава. Законот ќе отпочне со примена на 1 јули годинава.

Измената на Законот за патни исправи, како што велат од МВР е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани, кои, како што додаваат, поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови биле спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Поврзани вести