Властите во округот Пеншан во југозападната кинеска покраина Сечуан пронашле во понеделникот во канал и на бреговите од реката Нанхе, трупови на повеќе од илјада патки, јави новинската агенција Синхуа.Локалните власти биле известени за појавата на пцовисаните птици по течението на реката Нанхе од жителите на едно село покрај реката. Вработените во локалните еколошки, водоводни и земјоделски претпријатија собрале вкупно 60 вреќи со остатоците од мртвите птици, спровеле дезинфекција и ги закопале, изјавиле за агенцијата претставници на локалните власти. Бидејќи останките од мртвите патки веќе биле во напредна фаза на распаѓање, не било можно да се утврди причината за смртта.Според претставникот на администрацијата на округот, мртви патки не претставувале никаква опасност за контаминација на водата за пиење. Соодветните служби во моментов трагаат по фармите од кои потекнувале мртвите птици.Пред две седмици, потсетува Синхуа, во водите на реката Хуанпу, од која со питка вода се снабдува и мегалополисот Шангај, и во нејзините притоки, биле откриени повеќе од 10 илјади трупови на мртви свињи.
МакфаксВластите во округот Пеншан во југозападната кинеска покраина Сечуан пронашле во понеделникот во канал и на бреговите о