Десетици илјади на протести во Париз против истополни бракови

Десетици илјади лица се собраа во неделата попладне во Париз на протести против истополните бракови, надевајќи се на поголем одѕив пред конечното носење на нацрт законот.На минатите протести против браковите од ист пол на 13 јануари учествуваа 340.000 лица, според проценка на организаторите, а близу милион според проценка на организаторите.„Очекувам на денешните протести да излезат барем еднаков број, но ќе видиме“, истакна Фрижид Барло, претседателка на здружението „Manif pour tous” (манифест за сите).Полицијата пак очекува послаб одзив и смета на 150.000 до 200.000 лица.Предвидено е за време на протестите вечерва повторно да биде побарано од францускиот претседател Франсоа Оланд да го повлече нацрт законот и за истиот да се гласа на референдум.Тие истакнуваат дека со нацрт законот, со кој на лицата од ист пол им се дозволува склопување на брак и посвојување на деца, се извртува општеството на глава бидејќи го негира родителство и крвната врска, што „секако ќе има економски, општествени и етички последици“.Иако протестот требаше да биде аполитичен, партијата на крајната десница Национален фронт и Унијата за народно движење на поранешниот премиер Никола Саркози, ги повикаа своите приврзеници да се придружат во голем број на протестот.
МакфаксДесетици илјади лица се собраа во неделата попладне во Париз на протести против истополните бракови, надевајќи се на п

Пронајдете не на следниве мрежи: