Десетици илјади луѓе во Рим му дадоа поддршка на Берлускони

Повеќе десетици илјади луѓе се собраа во саботата попладне во центарот на италијанската престолнина Рим на собир за поддршка на поранешниот премиер Силвио Берлускони кој ги повика приврзаниците да се подготват за нова изборна кампања.„Дали сте подготвени за нова изборна кампања?“, ги запраша Силвио Берлускони своите приврзаници кои едногласно потврдија.Симпатизерите на неговата партија Народ на слободата (PdL), собрани во главниот град од цела Италија, присуствуваа на собирот под мотото „Против даночниот, бирократски и правосуден јарем“.Десната коалиција предводена од Силвио Берлускони на парламентарните избори коишто се одржаа на 24-ти и 25-ти февруари, го освои второто место, зад коалицијата на левите сили што ја водеше Пјерлуиџи Берсани.Меѓутоа, политичките аналитичари сметаат дека Берлускони се чувствува исфрлен од политичката сцена, бидејќи коалиција на Берсани која е најсилната политичка групација но без апсолутно мнозинство во двата дома од италијанскиот парламент, сака да склучи коалиција со Движењето пет ѕвезди (M5S) на познатиот сатиричар Бепе Грило кое поединечно е најсилната партија која освои четвртина од вкупниот број гласови, а коешто ги привлече гласовите на незадоволниците од традиционалните политички коалиции.„Доколку Берсани продолжи со своите апсурдни обиди да формира малцинска влада, мора да знае дека решително ќе му се спротиставиме, како во парламентот, така и на улиците. Доколку не успее, земјата не треба поради него да губи време и треба веднаш да се вратиме ан избирачките места“, рече Берлускони.Берсани во петокот од претседателот Џорџ Наполитано доби мандат да ја состави новата италијанска влада, но неговиот простор е многу ограничен, имајќи предвид дека Движењето 5 ѕвезди досега одлучно одбиваше да даде поддршка на која и да е од двете големи коалиции.
МакфаксПовеќе десетици илјади луѓе се собраа во саботата попладне во центарот на италијанската престолнина Рим на собир

Пронајдете не на следниве мрежи: