Илјадници возила и 15 илјади луѓе се борат со снегот во Украина

Илјадници специјални возила од неколку владини агенции на Украина и 15 илјади луѓе се ангажирани во справувањето со последиците од обилните снежни врнежи и снежната бура, пренесува РИА Новости цитирајќи го соопштението на државната служба за итни случаи издадено во саботата.Според украинските власти, во расчистувањето на големите снежни наноси ангажирани се повеќе од 400 единици на специјална техника на државната служба за вонредни состојби,три илјади возила за комунално и одржување на патната инфраструктура, како и 50 единици тешка механизација.Распоредени се, исто така, и мобилни спасувачки пунктови, бидејќи многу возачи се заглавени на патиштата во снежните наноси. Последните денови, украинските јавни служби соопштија дека од навевите извлекле повеќе од 720 автомобили и пружиле итна помош на патиштата на повеќе од 1.500 луѓе.Според украинската метеоролошка служба, првпат по повеќе од сто години, како резултат на циклон кој минува низ територијата на Украина кон западните делови, во делови од централниот и северниот дел на земјата се регистрирани во последните неколку дена повеќе од 50 милиметри врнежи, што е еднакво на месечно ниво. Се очекува во текот на неделата да наврнат уште 15 до 20 милиметри снег и дожд.Властите во главниот град Киев, каде што сообраќајот е речиси парализиран поради снегот, се надеваат на стабилизирање на ситуацијата во текот на неделата. За расчистување на улиците во украинската престолнина е ангажирана војската. Во Киев и во приградските населби, исто така, се ангажирани и околу две илјади припадници на министерството за внатрешни работи.Според службите, поради снежната бура, сѐ уште без снабдување со електрична енергија се 112 населби во целата земја.
МакфаксИлјадници специјални возила од неколку владини агенции на Украина и 15 илјади луѓе се ангажирани во справувањето

Пронајдете не на следниве мрежи: