Чешка синоќа беше погодена од разорно торнадо по кое неколку села и градови беа целосно уништени. Засега е потврдена смртта на три лица, додека повеќе од 200 се повредени.
Вестите за силни торнада коишто рушат сè пред себе обично доаѓаат од Америка па многумина на социјалните мрежи се прашуваат колку се чести торнадата во Европа.
Според BBC прогнозерот Бен Рич, торнадата во Европа не се толку ретки како што се чини. Се смета дека годишно низ континентот се појавуваат по неколку стотина. Но, точните процени варираат бидејќи некои торнада се појавуваат во ретко населени подрачја па никој не ги ни пријавува.
Торнадата инаку досега се пријавени на сите континенти на Земјата освен на Антарктик, иако и на тој леден континент теоретски се можна појава.
Сепак, најмногу торнада се појавуваат во САД, во просек над 1.000 годишно. Близината на топлиот и влажен Мексикански залив во комбинација со планински предел создава совршени услови за создавање на супербури, а токму од нив се создаваат торнада.