Маж со Алцхајмер заборавил дека е оженет и повторно ја запросил сопругата

На Петер му е дијагностициран Алцхајмер пред 3 години и оттогаш почнал да ги заборава најважните моменти од неговиот живот.
Тој заборавил кога се сретнал со Лиса за првпат и ја заборавил нивната венчавка.
Парот кој е во брак веќе 12 години се запознале во Харизбург, Пенсилванија. И двајцата биле во брак со други партнери и имале деца, но биле пријатели сè додека семејството на Петер не се преселило во Конектикат.
Една година не биле во контакт и повторно се зближиле кога дознале дека и двајцата се разведуваат. Се венчале во 2009 година кога Лиса се преселила во Конектикат.
Една сабота во декември додека ја гледале нивната омилена серија, Петер ја погледнал Лиса и ја прашал дали ќе се омажи за него.„Овој момент беше прекрасен. Два пати се вљуби во мене. Се чувствувам како принцеза. Јас сум најсреќната жена во светот“, рече Лиса.
Тие повторно се венчаа во април 2019 година.
„Ќе бидеме заедно до крајот на животот. Ништо не може да нè раздели. Ништо“, вели Лиса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.