четврток, 12 ноември 2026
Најново

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата се наш стратешки приоритет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за правда Бојан Маричиќ на настанот „Темелните права во 2020 година: Рефлексии и поглед напред“ кажа дека Владата демонстрирала посветеност за заштитата на човековите права преку донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во поглед на поголема заштита и унапредување на човековите права, министерот се осврна и на ратификацијата на Истанбулската конвенција, но порача дека реформите во областа владеење на правото се суштински за зголемување на правната сигурност на граѓаните и зголемување на довербата во правосудството.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Маричиќ: Владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап  до правдата се наш стратешки приоритет. Почитување на човековите права и слободи не може да постои без квалитетни и сеопфатни реформи во судството и правосудниот систем и заштита на фундаменталните права. Поради тоа нужно е функционирањето на независно, непристрасно и непартизирано судство кое ќе може да гарантира соодветна заштита на човековите права утврдени со Уставот, меѓународните ратификувани документи и домашните закони.

Северна Македонија веќе втора година како земја посматрач во Агенцијата за фундаментални права е опфатена со овој извештај, а во овогодишниот извештај фокусот е на влијанието на Ковид-19 врз темелните права.

Поврзани вести