Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Велес, на возраст од 51 и 41 година, поради постоење на основано сомневање дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата осомничени на 29.06.2021 година, во викендичка во Велес, по претходен заеднички договор неовластено заради продажба држеле наркотична дрога – хероин во количина од 93,09 грама. Еден од нив договорил преземање на дрогата од лице од Скопје и му дал на другиот осомничен пари во износ од 55.000,00 денари за да ја преземе дрогата кај м.в. Штипска петља. Откако тој ја донел дрогата во викендичката, осомничените заедно започнале да ја препакуваат во помали пакувања, за што користеле дигитална вага. Во моментот кога започнале со препакување на наркотичната дрога, пријавените се затекнати од страна на овластени полициски службеници од СВР Велес кои извршиле претрес во викендичката.
Јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави Предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот на обвинителството е прифатен, по што Судот на осомничените со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.