Сигурно ги фрлате корите од овие овошја и зеленчуци, но еве зошто правите огромна грешка

Во кората од овошје и зеленчук, можете да најдете хранливи материи кои се одлични за нашиот организам.
Овие кори често се извор на хранливи материи што му се потребни на нашето тело и кои, всушност, на крајот ги фрламе во корпа за отпадоци.
Наместо да ја лупите, подобро е да изберете добро миење на овошјето и зеленчукот со топла вода за да му дадете на организмот се што му е потребно.КОМПИР
Кората од компир крие до 20 проценти од вкупните витамини како што е витамин Б. Може да го подготвите пресечен на половина и печен во рерна.
МОДАР ПАТЛИЏАН
Кората од модар патлиџан е богата со фитонутриенти, насунин кој спречува оштетување на клетките што може да биде резултат на стареење или болест. Можете да го наполните со мешавина од зеленчук и да се печете во рерна.
СЛАДОК КОМПИР
Повеќето хранливи материи се кријат во лушпата на слаткиот компир. Содржи витамин Ц, калиум и бета-каротен, состојки неопходни за посилен имунитет, добар вид и здрави мукозни мембрани на грлото и носот. Слично на модриот патлиџан, можете да исечете сладок компир на половина и да го полните со зеленчук.
КРАСТАВИЦА
Кората од краставица е богата со антиоксиданти и влакна кои го зајакнуваат имунитетот, спречуваат запек и поволно влијаат на здравјето на дигестивниот систем.
МОРКОВ
Морковот треба добро да се измие и може да се јаде, велат нутриционистите. Неговата кожа содржи антиоксиданти и витамин А кои го зачувуваат видот, здравјето на косата и ноктите, а студиите потврдија дека го намалува ризикот од рак.
ЈАБОЛКИ
Кората на јаболкото содржи кверцетин, витамин Ц и тритерпеноиди, кои имаат антиканцерогено дејство. Студиите потврдија дека консумирањето јаболка со лушпа ги ублажува проблемите со дишењето, го продолжува чувството на ситост и ја штити меморијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.