УХМР СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Освен многу топлото време ни доаѓа и невремето

Времето утро ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Времето во сабота ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.
Времето во недела ќе биде претпладне ќе биде променливо облачно. А од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.


Во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
УХМР за денес и утре објави и актуелно предупредување дека во целата земја денес и утре во поголемиот дел ќе се задржи многу топло.
Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи: