Најдобриот рецепт за штрудла со вишни и чоколадо

Потребни состојки:
500 г кори за пита
2 јајца
80 г гриз
80 мл масло
300 мл млеко
1 прашок за печиво
450 г вишни
80 г чоколадо
10 г ванилин шеќер
100-150 г шеќер
Шеќер во прав

Начин на подготовка:
Може да користите свежи или замрзнати вишни. Додајте шеќер и ванилин шеќер и промешајте. Вклучете ја рерната на 200 степени. Во сад соединете јајца, масло, млеко, гриз, прашок за печиво и промешајте. Поделете ги корите за да добиете 4 штрудли.
Сите кори премачкајте ги со 3 4 лажици масло, освен последната. На последната наредете ги вишните и додајте 2-3 лажици чоколадо. Истата постапка повторете ја со останатите кори. Печете на 200 степени околу 20-30 минути.
Печените штрудли покријте ги со фолија или крпа и оставете ги да се изладат па исечете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.