Германски политичар се смеел при посетата на поплавените подрачја! Сега се извинил

Демохристијанскиот кандидат за канцелар на парламентарните избори во Германија, Армин Лашет денеска се извинил поради тоа што се смеел за време на посетата на поплавените подрачја ден претходно.
Жалам поради впечатокот кој настана
“Жалам поради впечатокот кој настана по еден разговор. Тоа беше непримерно и многу ми е жал. Судбината на погодените ни лежи на срце”, порачал Армин Лашет преку Твитер.
Извинувањето се однесува на една ситуација при заедничката посета со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на поплавените подрачја во градот Ерфтштад во покраината Северна Рајна-Вестфалија.


Во еден момент, додека претседателот им се обраќал на насобраните, на снимката во позадина е видливо како Лашет и неговиот соработник разговараат и притоа се смеат, што многумина, поради сериозноста на ситуацијата во моментот, го оцениле како невкусно.
“Заслужува осуда”
“Начинот на кој Армин Лашет, во моментот кога претседателот им се обраќа на погодените, во позадина несериозно се однесува без почит, заслужува осуда”, рекол главниот секретар на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбеил.
На социјалните мрежи брзо се појавиле осуди за однесувањето на Лашет.

Пронајдете не на следниве мрежи: