Мохито е кубански коктел од бел рум, сок од лимета, свежи листови нане, шеќер, минерална вода и лед. На многумина им е омилен освежителен пијалак во лето.
Но не може да го пиете во кој било период во денот, освен ако не направите безалкохолна варијанта.
Во тој случај, може да се освежите и во текот на работното време.
Потребни состојки:
Лажица шеќер
Листови нане
3 исцедени лимети
Газирана вода
Лед
Начин на подготовка:
Во шејкер промешајте шеќер со листови нане. Во две повисоки чаши ставете дробен лед. Поделете го сокот во чашите, како и смесата со шеќер и лимета. Додајте сламки и наполнете ја чашата со газирана вода.