Неквалитетната вода е една од причините за пожолтувањето на забите, покрај вообичаените и општо познати – цигари, кафе и чај, сметаат руски стоматолози и диетолози.
Електронските цигари, исто така, влијаат неподобно. Важно е да си ја запазите заштитната обвивка на забите во добра состојба. Од неа зависи колку забите ќе бидат жолти, сметаат стручните лица.
Диетологот Елена Соломатина нагласила дека забите пожолтуваат и со возраста. Таа во таа смисла ги препорачува млечните производи, но и да не претеруваме со нив.
-На стабилизирањето на нивото на калциум добро влијае и сусамот. Богати со калциум се и сардините, макар и конзервирани, вели Соломатина.