По враќањето од одмор, откако добила некои симптоми, ПЦР тестот на триесетгодишната велешанка покажал дека таа е по втор пат заразена од ковид-19. Таа е задржана на лекување на инфективното одделение во Општата болница во Велес.
Лани во март во Велес веќе беше регистриран ваков случај кога едно лице на возраст од 40 години по втор пат се заразил со коронавирусот, а вќе прележал три месеци пред тоа.
Во Велес има 29 активни случаи со ковид-19.



