Зошто не треба да ја фрлате водата во која сте вареле компири?

Сите го правиме тоа, а не сме свесни дека всушност правиме голема грешка. Водата во која се варат компирите е чудо за здравјето.
Секој знае како компирот влијае на здравјето, но дали знаевте дека водата во која се готви е многу поздрава од самиот зеленчук?
Многу домаќинки, кога подготвуваат пире од компири или компир салата, без двоумење ја истураат водата во која се варел овој зеленчук. Кога би знаеле дека дури 70% од калиумот од варениот компир останува во оваа течност, никогаш повеќе не би го направиле тоа. Оваа вода е богата со минерали и витамини А и Ц, како ниту еден друг пијалок.
Оваа течност помага да се намалат отоци, а исто така ја подобрува работата на срцето. Нутриционистите препорачуваат да пиете топол пијалок од компир три пати неделно, бидејќи здравствените придобивки се неверојатни.
Но, исто така е важно да знаете како да го подготвите. Имено, наместо да се лупи, се препорачува компирот да се свари со лушпата и никогаш да не се посолува. Употребата на оваа течност е особено ефикасна кај ментален и физички замор.
Интересно е и тоа што нутриционистите не се единствените што препорачуваат употреба на течност од компир. Дерматолозите советуваат да направите бања за раце од него. За само една недела, кожата на рацете ќе добие пријатна природна боја, ќе стане мека и кадифена, а пликовите и малите рани ќе исчезнат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.