четврток, 12 ноември 2026
Најново

СТРОГИТЕ МЕРКИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ Расте интересот за вакцинација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Строгите рестриктивни мерки за невакцинираните изгледа даваат резултати. Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопшти Министерството за здравство.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.
Со последните бројки, 68% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Денеска во две смени ќе работат вакциналните пунктови во Ѓорче Петров, Букурешт, Бит пазар, Чаир и Јане Сандански, а таму граѓаните во секое време можат да се имунизираат до 19.30 часот. Пунктовите во Драчево, Шуто Оризари и Ченто, работат во една смена, до 15 часот.

Поврзани вести