четврток, 12 ноември 2026
Најново

Утре потопло време со температури до 37 степени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд.

Поврзани вести