Рецепт за лут намаз од сирење и ореви

Потребни состојки:
-200 г иситнето сирење
-околу 100 г ореви
-сол, бибер
-2 чешни лук
-ситно исецкан магдонос
-лута пиперка
Начин на подготовка:
Испечете ги оревите во сува тава, кога ќе поруменат исецкајте ги со средна големина.
Лукот изгмечето го и помешајте го со дробеното сирење, па додадете ореви, сол и бибер по вкус, па потоа и исецканата лута пиперка.
На крајот додадете сув зачин и добро измешајте. Ставете ја смесата во сад, декорирајте со со ситно исецаниот магодонос, па оставете да се лади во ладилникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.