четврток, 12 ноември 2026
Најново

НОВ ТРОШОК ЗА ГРАЃАНИТЕ – на автопатот Миладиновци – Штип се градат две патарини, подгответе си во џебот 320 денари за во двата правци!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две нови патарини се градат со полна пареа на автопатот Миладиновци – Штип, а тоа значи и дополнителен трошок за граѓаните кои ќе патуваат до Штип и обратно.
Едната патарина се гради кај Преод, а другата кај Кадрифаково, а двете треба да бидат готови до октомври годинава.


Патарината кај Преод ќе ги чини граѓаните 70 денари во правец, додека другата кај Кадрифаково 50 денари во правец, или заедно со патарината кај Миладиновци која чини 40 денари граѓаните ќе плаќаат 320 денари во двата правци.

Поврзани вести