четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПОПЛАДНЕВО ПОВТОРНО ДОЖД – еве какво време не очекува за време на викендот, особено за големиот христијански празник

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка, 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, еден литар на единица површина.
УХМР најавува дека попладнево во планинските подрачја се можни услови за краткотраен дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени.
За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткотраен дожд, утре претежно во источните, а во недела во планинските подрачја.
Во западните делови во недела ќе дува засилен западен ветер.
Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен западен и северозападен ветер.
Максималните температури идната недела ќе бидат до 34 степени, во вторник и во среда.

Поврзани вести