Наташа Беквалац минатата недела на социјалните мрежи објави дека ќе направи подолга пауза од настапите бидејќи не се чувствува добро.
Тоа беше разочарување за нејзините обожаватели, а сега таа ги откри деталите од нејзиниот дом за кои се зборува.
– Многу убав почеток на неделата … Одиме на ветеринар, буквално сум цела во го*на, напиша Наташа.
Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката ја донела одлуката да не настапува не само од уметнички, туку и од финансиски причини, со оглед на тоа што започнала добро да заработува од Инстаграм.
Имено, таа наводно заработила 30.000 евра од спонзорирани објави само во месец август.