Министерката за образование Мила Царовска во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител рече дека епидемиолози за секое училиште посебно ќе одлучуваат како ќе се одвива наставата доколку се појават случаи на зараза. Но, појаснува дека целосната слика, во одредени региони и општини, или генерално на целата територија на Македонија ќе ја следи Комисијата за заразни болести.
-Тие во дневна координација со нас ќе даваат инструкции. Како ќе се движат бројките, но и оптеретувањето на болниците, така ние ќе добиваме инструкции како понатаму. Затоа што многу е лошо да проценувате денеска и да давате стрикни бројки зашто секоја општина е различна. Втора работа е дека болниците имаат различен капацитет, но за тоа се одговорни од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, а ние како Министерство сме подготвени во секој момент да го промениме моделот, како што покажавме и сега. Вчера се донесоа одлуките за тоа кои општини имаат основа и медицина базирана на докази што укажува дека таму треба да се оди со онлајн учење и веднаш ги подготивме и тие си стартуваа со онлајн учење, рече Царовска.



