четврток, 12 ноември 2026
Најново

Пациентот на кој му беше трансплантирано срце е во добра состојба и пуштен дома

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од денеска е пуштен на домашно лекување. Само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично, објави вечерва на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој уште еднаш изразува голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок.
-Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива, напиша Филипче.

Поврзани вести