Шест факти за губење килограми и разни диети

Многу луѓе сметаат дека диетата е најлесниот начин да се ослободат од вишокот килограми, па пробуваат различни режими за исхрана.
Често прават грешки посегнувајќи за некои намирници, со тоа што некои се штетни за нашето тело, но се превкусни.
Британските истражувачи ги анализирале прехранбените навики и утврдија шест вистини за диетите.
1. Во следните неколку години ќе се потрошат 1,9 милијарди фунти (книги, суплементи, планови за исхрана, достава на храна во домот, полици во супермаркетите…)
2. Научните истражувања покажуваат дека повеќето луѓе, поточно две третини од оние коишто држат диети, по почетното губење на крај добиваат уште повеќе килограми. Значи, диетите во повеќето случаи дебелеат.
3. Кога ќе се одлучите на диета, ќе бидете опседнати и постојано ќе мислите на нездрава храна.
4. Не е непријатен само здивот од устата кој е последица на диетите, проблем е нивната опасност за здравјето бидејќи организмот не добива потребни хранливи материи за правилно функционирање.
5. За многу диети се трошат многу пари.
6. Само со помош на здрава исхрана и вежбање ќе ги добиете посакуваните резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.