четврток, 12 ноември 2026
Најново

Сончево време, можен краткотраен дожд во западните делови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе се движи од 22 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 4 степени. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја, а во недела и услови за појава на ретки грмежи.

Поврзани вести