четврток, 12 ноември 2026
Најново

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, до крајот на денот повторно дожд – еве какво време не очекува во наредните денови

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе биде западен и повремено со засилен интензитет.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 34 степени.
Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Поврзани вести