Крофни со цимет

Состојки
За КРОФНИТЕ ќе ви треба (шолја од 240 мл):
4 + 1/2 шолји брашно
120 гр. брашно за расукување
1/2 шолја шеќер
21 гр. сув квасец (3 пакетчиња)
прстофат сол
3/4 од шолја млако млеко
220 гр. растопен путер
3 јајца
За НАРОСУВАЊЕ ќе ви треба:
шеќер во прав
малку цимет
чоколаден прелив

Подготовка
Чекор 1: Во голем сад ставете ги сувите состојки, направете длабнатина во средината и додадете ги млекото, растопениот путер и изматените јајца. Месете додека не добиете меко тесто. На набрашнета површина размесете го тестото. Оставете го во сад да стасува на собна температура додека волуменот двојно не се зголеми.
Чекор 2: Расукајте го тестото со дебелина од 1 см. Со две различни чаши сечете ги формите. Со поголемата чаша направете круг, а со помалата чаша направете круг во кругот за да добиете форма на прстен, американски облик на крофни. Исечените крофни оставете ги да се одморат.
Чекор 3: Крофните пржете ги во длабоко масло на средна температура, по 2 минути од секоја страна. Испржете ги и топчињата кои сте ги извадиле од средината.
Чекор 4: Во сад измешајте шеќер во прав со цимет и наросете ги крофните.
Чекор 5: Сервирајте и прелијте со чоколаден прелив, по желба!
СОВЕТ: При пржењето, не ја вклучувајте ринглата на најјако, туку на средна температура. Така, крофните ќе може добро да се испржат и во внатрешноста, а ќе имаат убава боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.