недела, 22 ноември 2026
Најново

Ако имате над 60 години не треба да примате аспирин

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Луѓето над 60 години не треба да земаат аспирин за да спречат срцеви заболувања и мозочен удар, објави во вторникот работната група на САД за превентивни активности.
Во соопштението се наведува дека независен панел експерти предупредил дека употребата на аспирин може да предизвика штета.
Најсериозната потенцијална штета е крварење во желудникот, цревата и мозокот. Шансата за крварење се зголемува со возраста и може да биде опасна по живот, се вели во соопштението.
Во Соединетите држави, приближно еден од три смртни случаи е резултат на срцеви заболувања и мозочен удар.
Сега се препорачува луѓето кога ќе наполнат 60 години да не размислуваат да почнат да земаат аспирин, бидејќи ризикот од крварење ги поништува придобивките од спречување на срцеви заболувања, се вели во соопштението.
Луѓето на возраст меѓу 40 и 59 години, кои се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања или имаат историја на кардиоваскуларни заболувања, исто така се предупредени да одлучат со своите лекари дали ќе почнат да земаат аспирин.

Поврзани вести