Кој уште не сака чизкејк? Вкусен кремаст десерт кој наесен може да се прави со додавање на тиква, а резултатот може да ви се допадне ако сте љубител на слатки!
Тиквата стана наша омилена состојка во повеќето колачи. Додека од неа може да направите и солени специјалитети, во комбинација со неколку состојки, се прават неверојатни десерти во кои може да уживате.
Покрај есенскиот колач од тиква, кој редовно го јадете во сезоната на тикви, пробате го и чизкејкот од тиква:
Состојки:
– 300 гр. мелени бисквити
– 70 гр. путер
– половина кг. крем сир
– 120 гр. пире од тиква
– 2 јајца
– 100/120гр. шеќер
– половина лажичка екстракт од ванила
– половина лажичка цимет
Подготовка:
Растопете го путерот и измешајте го со мелените бисквити. Притиснете го во тргалезен калап и добро распоредете.
Со миксер изматете го крем сирот, ванилата и шеќерот. Додадете едно по едно јајце и матете. Одвојте околу една шолја од смесата, а врз бисквитите прелијте го белиот крем. Со остатокот од смесата измешајте го пирето од тиква и цимет, па тоа прелијте го како втор слој.
Печете на 170 степени околу 40 минути или додека не видите дека е готово.
Послужете како торта кога ќе се излади, а најдобро е да преноќи во фрижидер.