Денес за ручек направете го највкусното бело месо во сос од домати и состојки како за пица.
Кога одлучуваме што да подготвиме за ручек, се грижиме тоа да биде првенствено она што го сакаме, но истовремено и богато и лесно за подготовката. Пилешкото секако спаѓа во овие намирници и се прави на различни начини, со зеленчук или тестенини. За да не го подготвувате секогаш на ист начин, еве рецепт за пилешко со вкус на вашата омилена италијанска храна. Едноставниот начин за негова подготовка бара откако ќе го испржите белото месо од двете страни, да истурите сос од домати, сирење и колбаси, како за на пица. Ваквата подготовка гарантира никогаш подобар и посочен вкус на белото месо, па можете да го подготвите дури и кога ќе ви дојдат гости, бидејќи сигурно ќе ги изненадите со своите вештини.
Потребни состојки:
3 средни пилешки филети
½ кромид
1 чешне лук
500 ml сос од домати со додаден босилок
60 gr кашкавал
9 парчиња лут колбас или кулен
Подготовка:
Посолете го пилешкото и зачинете го со бибер. Ставете го во тава со маслиново масло и пржете од двете страни по 4-5 минути, па извадете го на чинија. Во истото тавче ставете малку масло, посолен и побиберен кромид и пржете додека да омекне кромидот, околу 5 минути, а потоа додадете го лукот и сосот од домати со босилок. Наместо купечки сос можете да користите и домашен од шише со додадени зачини. Измешајте сè и оставете да врие уште 5 минути. Вратете го пилешкото во тавата со сосот, посипете го ренданиот кашкавал врз пилешкото, а потоа додадете неколку парчиња колбас. Печете околу 15 минути на 190°C.