Паста со сланина

Брзо се подготвува, а е вкусно. За овој рецепт можете да користите било која паста, по ваш избор, дали тоа ќе бидат фузили, шпагети, макарони итн.
Потребни состојки:
150 gr тестенини по избор
50 gr сува сланина исечкана на коцки
1 кромид
2 чешниња лук
1 лажица кисела павлака
малку лута пиперка
бибер
сол
Подготовка:
Сварете ги тестенините според упатството. Сланината исечкајте ја на коцки, посолете ја и пропржете ја во маслиново масло да се растопи.
Во истото масло пропржете го и ситно исечканиот кромид (препорачливо е да е црвен) и додајте сечкан лук. Оваа мешавина истурете ја врз тестенините, додадете павлака, лута пиперка и бибер.
Сè добро измешајте, а потоа врз тестенините посипете од пржената и крцкава сланина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.