Закерберг исмеан на Твитер поради еден детаљ кој сите го забележале во неговото јавување во живо

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг синоќа соопштил дека Фејсбук ќе го менува името во Мета, што привлече голем број на реакции на интернет.
Традицијата со коментирање и исмевање на секое јавно излегување на Закерберг е продолжена и после претставувањето на новиот назив на најпопуларната социјална мрежа на светот.
Покрај тоа што милијардерот е прозван дека не се однесува природно, корисниците на социјалните мрежи се исмеале и поради фактот дека во текот на 90 минутното јавување во живо на неговата полица со книги стоело шише со сос.
За тоа колку е ова неприроден потег најмногу зборуваат илјадниците твитови во кои корисниците поставуваат различни прашања, го споредуваат Закерберг со вонземјани и констатираат дека ова е уште еден доказ дека живееме во симулација.

Но, според пишувањата на Индепендент, сосот на полицата е поставен намерно. Имено, Закерберг со тој потег потсети на јавувањето во 2015 година кога одржа презентација во живо на која пржел место и истовремено го користел истиот сос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.