Хамнеи: Иран не сака нуклеарно оружје

Иран не сака нуклеарно оружје, но доколку се реши за тоа ниедна светска сила не може да го спречи, изјави во саботата иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.

 „Ние веруваме дека нуклеарното оружје треба да биде елиминирано и не сакаме да го произведуваме. Меѓутоа доколку решиме да имаме нуклеарно оружје, ниедна сила не би можел ада ни застане на патот”, изјавил ајатолахот Али Хамнеи, пренесува Reuters повикувајќи се на пишувањето на Иранската студентска новинска агенција (ISNA).
Ирански функционери и претходно нагласуваа на верскиот указ на ајатолахот Ал Хамнеи (највлијателната личност во Иран од кој зависи најмногу политиката во земјата), со кој се забранува нуклеарно оружје и дека тоа е обврзувачко за Иран, а и самиот Хамнеи повеќепати повтори дека Иран не сака да направи нуклеарна бомба.
Западните земји сметаат дека иранската нуклеарна програма за збогатување ураниум е покритие за крајната цел на Техеран изработка на нуклеарно оружје, додека иранските власти тврдат дека нејзината цел е за цивилни намени, односно за производство на електрична енергија и во медицински цели.
Претставници на групата „пет плус еден” (петте постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија) на 26-ти февруари во казахстанската престолнина Алмати треба да се сретнат со иранските претставници на нов круг преговори по повеќемесечниот прекин и неуспешните средби во Истанбул, Багдад и Москва.
Makфакс
Иран не сака нуклеарно оружје, но доколку се реши за тоа ниедна светска сила не може да го спречи, изјави во саботата

Пронајдете не на следниве мрежи: