Потребни состојки:
4 помали парчиња пилешко бело месо
4 лути пиперки
120 г крем сирење
75 г зденка
Сол и бибер
8 парчиња сланина
1 лажица сечкан магдонос
Начин на подготовка:
Исечкајте го пилешкото месо на половина и додајте зачини. Во еден сад додајте чедар или друго сирење по избор, крем сирење и лути пиперчиња и соединете.
На секое парче ставете четвртина од смесата со сирењето и свиткајте го месото како во ролат. Додајте и сланина.
Загрејте ја рерната на 200 степени, наредете го пилешкото во огноотпорен сад и печете околу 30 до 35 минути.
Послужете со зелена салата или зелка.