Колач со вишни

Добропознатиот рецепт кој го сакаат сите.
Потребни состојки:
5 јајца
300 г шеќер
200 мл јогурт
150 мл масло
270 г брашно
Половина ќесичка прашок за печиво
400-500 г вишни
Шеќер во прав
Ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег и постепено додавајте шеќер и матете уште малку.
Додајте ги жолчките, па измешајте ги пополека со лажица. Постепено додајте ги и останатите состојки(јогурт, брашно и прашок за печиво) и соединете ги со белките.
Откако тестото ќе биде хомогено, додајте го во калап премачкан со брашно и масло. На тестото ставете вишни и втиснете ги во тестото.
Ставете го колачот во рерна на 200 степени да се испече. Намалете ја температурата на 180 степени. Печете го колачот околу 40 минути. Изладениот колач наросете го со шеќер во прав промешан со ванилин шеќер, а потоа исечкајте го на коцки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.