Стана туристичка атракција во Италија: Автомобил е паркиран на исто место 47 години

Мистериозен автомобил во Конељано, Италија, паркиран на иста улица, на ист паркинг 47 години, стана туристичка атракција.
Анџело Фреголент (94), ја паркирал својата „Ланчија фалвија“ од 1962 година пред киоскот што го води со неговата сопруга Бертила Модоло. Во 1974 година, парот се пензионираше, но го остави возилото таму. Оттогаш, автомобилот е ексклузивна околна знаменитост.
–Кога го отворив бизнисот, бев среќен што автомобилот е паркиран пред трафика бидејќи ги растоварав весниците во багажникот и потоа ги ставав внатре, изјави нејзиниот сопственик за „Ил газетано“.
Сега старата „Ланчија“ ќе биде и реставрирана, подновена и претворена во споменик, бидејќи несомнено стана дел од урбаните знаменитости на градот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.