Хумусот е јадење кое потекнува од Блискиот Исток, а богато е со масти, растителни влакна и протеини.
Ова се неколку причини зошто треба почесто да правите хумус:
Одличен извор на влакна
Хумусот се прави од леблебија и затоа е богат со влакна, а студиите потврдуваат дека влакната имаат позитивно влијание на здравјето на цревата, најмногу поради добрите бактерии кои го чуваат нивното здравје.
Добар е за срцето
Хумусот содржи растителни влакна, маслиново масло и семки од сусам кои се богати со масти кои се здрави за срцето.
Го регулира нивото на шеќер во телото
Леблебијата е богата со влакна, скроб и протеини, а консумирањето на храна со низок гликемиски индекс помага за одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта.
Помага за контрола на телесната тежина
Леблебиите се поврзани со помала тежина, низок индекс на телесна маса и помал обем во половината.
Има противвоспалително дејство
Клучните состојки од кои се прави хумусот имаат и противвоспалително дејство. Маслиновото масло има исто дејство како ибупрофен.