Британската кралица Елизабета Втора не поседува патна исправа, но патува без проблеми. Досега има посетено над 116 земји во светот без да користи пасош.
Во скоро 70-годишното владеење на кралицата, има посетено 116 земји. Со оглед на тоа што сите британски пасоши се издаваат во нејзино има, таа исправа неа не и е потребна, доволно е само да им каже на граничарите дека таа е кралицата Елизабета Втора.
Таа нема ни возачка дозвола, а познато е дека сака да вози Range Rover по своите имоти во внатрешноста.
View this post on Instagram
Кралицата на Обединетото Кралство вози од нејзината 18 година кога како единствен владетел на некоја држава учествувала во Втората светска војна. Управувала со камион, како член на Женската територијална служба.
Обучена е да работи како автомеханичар и да вози воен камион.