четврток, 12 ноември 2026
Најново

Два земјотреси утринава го стресоа подрачјето на Кичево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Земјотреси со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала со епицентри на 65 километри југозападно од Скопје, се регистрирани утринава во епицентралното подрачје Кичево.
– Првиот во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 и вториот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево. Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Поврзани вести