четврток, 12 ноември 2026
Најново

Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи- еве до кога ќе важи одлуката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи.
– Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи! На предлог на Министерството за екомија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:
– леб;
– шеќер;
– брашно – тип 400;
– сончогледово масло за јадење;
– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– свежо месо и сувомеснати производи;
– сирење и урда
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша на Фејсбук Бектеши.

Поврзани вести