четврток, 12 ноември 2026
Најново

Алтернатива одлучи да влезе во Владата, што не е никакво изненадување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неупатените можеби се изненадија но влезот на Алтернатива не е никакво изненадување…

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Партијата Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи вечерва Цeнтралниот совет, највисокото тело на партијата.

Како што по состанокот изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет.

„Алтернатива одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство и да биде дел од оваа влада. Сметаме дека затворањето на спорот со Бугарија не е само државна, туку и албанска цел, затоа што со затворањето на тоа прашање, се отвора патот на целиот регион кон ЕУ. Дополнително, се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација, како што се: Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на правичниот регионален развој, економскиот развој на Липковско, заштитата на семејството како јадро на општеството, што е нашата основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата, која е исклучително важна во ова време“, изјавија вечерва од партијата.

Поврзани вести