Што кажа папата Бенедикт XVI во прошталниот говор?

После најавата дека ќе се повлече папата Бенедикт XVI стана првиот поглавар на Католичката црква кој го сторил тоа во последните 600-тина години. 85- годишиот Папа Бенедикт станал свештеник во 1951 година, а кардинал во 1977 година. За Папа беше избран во 2005-тата година. Својата одлука ја најави денес, а заминувањето на 28 февруари.
Папата во изјавата за повлекувањето наведува дека „повеќепати ја преиспитал“ својата совест за ваквата одлука.  Вели дека се одлучил на ваков чекор затоа што неговата сила последниве неколку месеци попуштила „до тој степен што морав да ја признам мојата неспособност адекватно да ја исполнувам службата што ми беше доверена“.
Прочитајте го целиот говор на папата за оставката.
 
Драги браќа,
Го повикав овој Конзисториум, не само поради три канонизации, туку и за да ви ја соопштам и вам важната одлука за животот на црквата. Откако постојано ја испитував својата свест пред Бог, заклучив дека мојата сила поради моите години повеќе не е соодветна за исправно водење на службата на Петар.
Свесен сум дека оваа служба, поради својата суштинска природа, треба да биде водена не само со зборови и со дела, туку и со молитва и страдање. Меѓутоа, во денешниот свет, којшто е подложен на брзи промени и разнишани прашања од голема важност за животот на верата, потребна е сила на умот и на телото, сила којашто во последните неколку месеци кај мене е влошена до таа мера што морав да си ја признаам својата неспособност, за адекватно да ја исполнам должноста што ми е доверена.
Поради тоа, и свесен за сериозноста на овој чин, потполно самостојно прогласувам дека отстапувам од местото бискуп на Рим, наследник на Светиот Петар, кое ми е доверено од страна на кардиналот на 19 април 2005 година, на тој начин што од 28 февруари 2013 година во 19 часот местото на папата ќе биде празно и ќе треба да биде повикана конклава поради избор на нов папа.
Драги браќа, искрено ви се заблагодарувам за целата љубов и соработка со кои ме поддржувавте за време на мојата служба и од вас барам да ми простите за своите грешки. Сега дозволете ми да ви ја доверам светата црква да се грижите за нашиот врховен пастор, нашиот Господ Исус Христос и ја молам неговата мајка Марија да им помогне на кардиналите со мајчинска грижа, во изборот на врховен папа. Јас сакам посветено да ѝ служам на светата црква и во иднина преку живот посветен на молитва.
 После најавата дека ќе се повлече папата Бенедикт XVI стана првиот поглавар на Католичката црква кој го сторил тоа во последните 600-тина години. 8

Пронајдете не на следниве мрежи: