четврток, 12 ноември 2026
Најново

УХМР со прогноза: Еве какво ќе биде времето следната седмица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Под влијание на влажен бран во следните два дена времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, а утре на повеќе места ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминат во снег и на повисоките места, а до крајот на денот снег ќе има и на некои пониски места, особено во источните делови.
Во среда и четврток претпладне ќе има стабилизација со разведрување и ниски утрински температури, а потоа повторно следува период на променливо време со повремен дожд.

Поврзани вести