Намаз од тиква

Потребни состојки:
(за 4 лица)
400 г печена тиква
6 чешниња лук
10 лажици маслиново масло
Половина лажичка сол
Сок од половина лимон
Бибер
Семки од тиква
Масло од семки од тиква
Начин на подготовка:
Печената тиква исечкајте ја на коцки, додајте го изгмечениот лук, маслиново масло, сол и сок од половина лимон. Сите состојки ставете ги во блендер и направете намаз. Количината на маслото варира од квалитетот на тиквата. Ако е сува, ќе ви треба повеќе масло. На намазот ставете малку масло од семки од тиква и сечкани семки од тиква.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.